Почетна

Добродојдовте на веб-страницата на Македонската Православна Црковна Општина “Св. Климент Охридски”,Копенхаген, Данска.

За МПЦ и нашата Црковна Општина:

Историја на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

Кон средината на првиот век после Христа, на територијата на Македонија и на Балканскиот полуостров пошироко, христијанството го пренел и ширел Апостол Павле со неговите придружници Тимотеј и Сила.
Кога Македонија како земја била под римска власт, влијанието на христијанството во тие три века ги оставило своите први траги. Во почетокот на четврти век христијаните на Македонојија имале организирана Црква со црковна хиерархија, со повеќе митрополии и епископии, како двете митрополии Скопската и Солунската.
За време на владеењето на Цар Јусининијан Први (527- 565) бил изграден градот Јустинијана Прима во близина на денешно Скопје, каде што Македонското Христијанство ги заодило своите први чекори. Овде бил митрополит Кателијан издигнат за прв Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима.
Со животот и делото на браќата од Солун Св. Кирил и Св. Методиј, во деветти век за прв пат се ословува христијансвото со азбука и превод на Светото Писмо на јазик на кој зборувал народот во Македонија. Со темелот поставен, делото го продолжија нивните ученици Св. Климент и Св. Наум Охридски. Во почетокот на десетти век основен е првиот Универзитет на Словените на овие простори, како и првиот словенски манастир на брегот на Охридско Езеро.
Во рамките на Самоиловата држава, во втората половина од десетти век, организирана е Охридската автокефална Архиепископија во достоинство на патријаршија. Со паѓањето на царството, повторно е сведена на степен на архиепископија цели осум века се до 1767, кога е укината од страна на султан, а нејзините епархии се присоединети кон цариградската патријаршија.
Со обновувањето на самостојна Охридска Архиепископија во 1944 година, преку создавање иницијативен одбор за организирање на Македонска Православна Црква, македонскиот народ се враќа назад на патот на кој со векови чекорел, по патот на својот идентитет.
Во Март 1945 во Скопје е одржан првиот црковно-народен собор и донесена е резолуција за обновување на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква, а на 17 јули 1967 во Охрид, точно после 200 години по укинувањето, на свечена седница во Св. Климент Охридски се прогласува Македонската Православна Црква за Автокефална.
“Вечна да е Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, народот и името Македонско!”

Македонска Православна Црковна Општина “Св.Климент Охридски”, Копенхаген, Данска…

… е под јуристикција и дел од Европската Епархија на Македонската Православна Црква. Во блиска соработка со МПЦО “Св.Наум Охридски” од Малме и МПЦО “Св. Кирил и Методиј” од Гетеборг, Шведска, таа ја сочинува скандинавската Македонско-православна општина.
МПЦО “Св.Климент Охридски” Копенхаген Данска е резултат на иницијативен одбор во далечната 1973 година, на Македонците кои далеку од својата родна грутка осетиле потреба да ја негуваат својата вера на свој мајчин јазик, и да ја пренесуваат својата култура и обичаи на своите поколенија.
По неколку годишно смирување на активностите, со нови сили во 1991 година, и избор на нов управен одбор во 1992 година, Македонците во Данска повторно се организираа во негувањето на словото Божјо.
Во 2005тата година Македонскиот народ и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија бележеше: 1700 години од маченичкото упокојување на Св.Пантелејмон кого Св.Климент го избра за свој покровител; 1100 години од изградбата на манастирот посветен на светите Архангели, и основањето на монашката заедница Св. Наум Охридски Чудотворец; 60 години од одржувањето на првиот црковно-народен собор во Скопје; 100 години од трагичната смрт на Никола Карев – претседател на Крушевската Република; 90 години од херојскиот погибел на македонскиот Пирински цар Јане Сандански; 60 години од македонската Влада во возобновената македонска држава.
Овие настани и личности се неизбришливо сведоштво за историското постоење на македонскиот црковно национален бит, што не се брише.
Ние Македонците, чекориме и понатаму. И оваа е нова Божја година за мирно прифаќање на македонскиот идентитет на меѓународен план и сплотување на распространатите македонци.
Управниот Одбор на “Св.Климент Охридски” Копенхаген Данска продолжува со работата за овозможување негување на верските потреби на македонците на овие предели.
Управниот Одбор повикува на единство, да бидеме едно, во името на Бога, на нашата Света Црква, во името на нашите предци.